НАСА ќе го проучува сексот во Вселената

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сексот во вселената би бил клучен за нашите идни колонии на Марс и други планети, а НАСА конечно подлегна на долгогодишниот притисок да ја истражи оваа работа, пишува ДејлиСтар. Астронаутите или вселенските туристи реално би можеле да зачнат и да се породат целосно во вселената, но би можеле да имаат последици од нултата гравитација и радијацијата во вселената.

Всушност, никој не знае дали сексот е возможен во нулта гравитација поради неговото влијание врз течната физика и основната механика на делото. Физичарот и астроном, д-р Џон Милис, за BuzzFeed изјави дека машкото возбудување би било „предизвик во вселената, иако технички сепак би требало да биде можно“, додавајќи дека слични проблеми може да влијаат и на женските астронаути.

– Вагиналната влажност може да биде проблем бидејќи потта и солзите ќе се собираат на местото на секрецијата во отсуство на гравитација – вели тој и додава:

– Ова не мора да го спречи возбудувањето, но замислувам како тоа би било непријатно.

НАСА уште нема конкретни планови како ќе го истражи сексот во бестежинска состојба.

„Ние првенствено се занимаваме со обезбедување на здравјето и безбедноста на членовите на екипажот во вселената на долги временски периоди. Нашата програма за истражување на луѓето работи на ублажување на петте опасности од човечките вселенски летови и истражува начини да им помогне на луѓето од екипажот да работат заедно и да останат емоционално подготвени за време на нивното патување“, велат од НАСА за Мic.

„Доколку се идентификува идната потреба за подлабока студија за репродуктивното здравје во вселената, НАСА ќе ги преземе соодветните чекори“, се додава во изјавата.

 

Share This Article