Народот никогаш не живеел полошо, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со внимание го проследивме соопштението на СДС. Сега откако го прочитавме ни е совршено јасно зошто рејтингот на партијата СДС се движи кон рејтингот на партијата на нивниот поранешен функционер Палчо, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ако се чудат на анкетите тогаш нека излезат од винските саеми кои ги посетуваат и новогодишните прослави кои ги прават и од кои сѐ уште се мамурни, и ќе видат дека народот никогаш не живеел полошо. Нека се сконцетрираат, нека стават прст на чело и нека се напијат нешто да се отрезнат и да ја видат реалноста. Ако уште не им е јасно, после вакво нивно соопштение нека си одговорат на прашањето дали вака крајот мириса?“, напиша ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, во поглед на анкетата на порталот МКД за рејтингот на политичарите и на партиите, а која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е во големо водство, СДСМ одговори:

„Бидејќи Мицкоски го нема никаде со денови ДПМНЕ очигледно го храбрат со нарачани анкети. Нема што да каже Мицкоски за пакетот антиктизни мерки со кој 662 милиони евра СДСМ враќа кај граѓаните. Или бега од одговори во јавноста за неговите средби со Палевски? Како и да е, јасно е, сите нарачани анкети на ДПМНЕ досега пропаднаа. Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз. На анкета на истата оваа агенција, објавена пред неколку месеци имаше објавени различни броеви за кои потоа се тврдеше дека се техничка грешка. Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати. Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека ДПМНЕ и Левица се единствена пречка за продолжување на европскиот пат. Затоа на изборите ќе пропадне и оваа нарачана анкета на ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

Share This Article