Народот дава огромна поддршка и за „Отворен Балкан“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија покажува зголемување на кинеското и руското влијание, недостаток на транспарентност во политичките партии и огромна поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“.

Во однос на надворешната политика, 64 отсто од граѓаните на Македонија се согласуваат дека силните односи со Кина им служат на нивните интереси. Шеесет проценти истото го мислат за Русија. Ова е зголемување од единаесет проценти за Кина и шест проценти за Русија во однос на анкетата спроведена во февруари 2020 година. Новообјавената анкета покажува и силна поддршка за Европската унија (ЕУ) и САД. Севкупно, 85% се согласуваат дека силните односи со ЕУ најдобро им служат на интересите на Северна Македонија, 76% го делат истото мислење за САД.

– Додека Северна Македонија се труди да постигне демократски напредок, загрижува фактот што Кина и Русија продолжуваат со постојаните упади – рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа, кој додава – За среќа, поддршката за блиски партнерства со ЕУ и Соединетите Американски Држави останува многу силна.

На прашањето за политичките партии, само 21 отсто од граѓаните на Северна Македонија веруваат дека тие се транспарентни во работењето со парите добиени од државниот буџет. Понатаму, 48% не биле запознаени со износот на државниот буџет кој што годишно се издвојува за финансирање на политичките партии.

– За една демократија да биде успешна, апсолутно суштинско е политичките партии да изградат доверба. Оваа анкета покажува дека транспарентноста во политичките партии во иднина треба да биде приоритет – вели Мекарти.

Конечно, 75% од возрасните ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, серија договори во кои се вклучени Албанија, Македонија и Србија за да помогнат во олеснувањето на трговијата, бизнисот и движењето на граѓаните меѓу земјите.

Анкетата е направена пред инвазијата на руската војска на Украина.

Share This Article