Народот бара оставка од српскиот премиер

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Белград пред Владата и претседателството на Србија се одржа протест поради уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот беше организиран од опозициските партиии и движења, а започна со минута молчење и читање на имињата на загинатите. Откако се собраа пред Владата на Србија, протестната колона се упати низ улиците на Кнез Милош и Кралот Милан кон Претседателството на Србија, каде беа поднесени барањата.

Едно од барањата е оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Исто така, побарано е објавувањето на сите тајни договори поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, итно апсење на сите одговорни и ослободување на сите приведени, како и вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти кои се започнати или спроведени во изминатите десет години.

– Четиринаесет човечки животи згаснаа поради нечие невнимание, неодговорност, површност и бескрупулозност. За жал, во последните неколку години забележавме одреден тренд на девалвирање на мислењето на професијата, не вклучување во носење важни одлуки, неможност да се реагира и посочување на потенцијалните проблеми, а сето ова доведе до тоа многумина од нас да ја вртат главата, да не сакаат да видат, слушаат и не сакаат да кажат ништо – порача на протестот Ана Ферик-Ивановиќ, архитект од Нови Сад.

На протестот беа лидерите и преставници на Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, еколошки активисти на Здружението „Не го даваме Јадар“ Демократската партија (ДС), Српски центар, ПОКС, ПСГ.

– Ни велат да бидеме мирни и да веруваме во институциите. Во кои институции треба да веруваме после се? Дали треба да веруваме во полицијата која апси средношколци и студенти кои протестираат по изборната кражба во декември минатата година и по паѓање на настрешницата, а не ги гледа силеџиите, мафијашите и параполицијата, кои на истите тие протести ги малтретираат граѓаните и спроведуваат граѓански апсења – рече адвокатот Јован Рајиќ.

Пратеникот Срѓан Миливојевиќ од ДС на протестот пред претседатеството на Србија изјави дека зградата е полна со полиција и порача дека барањата ќе бидат доставени до Народното собрание.

Обвинителството во Нови Сад покрена истрага за несреќата во која соопштија дека се сослушани најмалку 53 лица, а единствена оставка досега поднесе министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ. Државните функционери, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наведуваат дека оставката на Весиќ нема да биде единствена и дека бараат политичка и кривична одговорност за несреќата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article