More

    Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2023 година

    spot_img

    Народната банка постојано дава поддршка за истражувачката активност и придонесува за унапредување на знаењето и поттикнување на научната и креативната мисла, што е основа и за осмислување и водење здрави економски политики. Нашата цел е да ги поддржиме младите економисти да создаваат нови идеи и иновативни решенија за предизвиците во економијата. Истовремено, го нагласуваме значењето на научната мисла кај младите лица кои се идни носители на политиките. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска при доделувањето на плакетата за прва награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството, којашто годинава ѝ е доделена на Александра Данева за трудот: „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“.

     Александра Донева се има стекнато со Меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија. Денес, своето знаење го надградува со работно искуство како финансиски аналитичар во Друштвото за управување со отворени инвестициски фондови „ВФП Фонд менаџмент“ АД Скопје.

     Наградениот труд ги испитува карактеристиките на фирмите коишто влијаат врз приносите од акциите и ја моделира променливоста на индексот на Македонската берза. Притоа, приносите на индексот и карактеристиките на фирмите се споредуваат со примерот на Словенија, како земја на повисоко ниво на развој.

     Одборот за оценување, со кој годинава претседаваше вицегувернерката Ана Митреска, чии членови беа Билјана Давидовска-Стојанова, директорка и Гани Рамадани, самостоен советник во  Дирекцијата за монетарна политика и истражување, дадоа највисока оценка за наградениот труд, раководејќи се, меѓу другото, од релевантноста на истражуваното подрачје, соодветноста на користениот статистичко-економетриски пристап и дадените заклучоци и препораки.

     Народната банка презема бројни активности со кои ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Така, досега се одржани 46 сесии на Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови.  Покрај ова, централната банка ја доделува и Годишната награда за млади истражувачи, којашто годинава  се доделува по седумнаесетти пат. Со наградата за истражувачки труд, Народната банка ја мотивира младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.   

     Наградениот труд е објавен на веб-страницата на Народната банка и е достапен овде.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img