Народна банка очекува инфлацијата да се намалува

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основната каматна стапка останува 6,30%, соопшти Народната.  банка не ја зголеми основната каматна стапка по разгледувањето на најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари.

Банката не ги промени ниту каматните стапки на депозитите преку ноќ (4,20%) и на 7 дена (4,25%). Ист износ на благајнички записи од 10 милијарди денари ќе биде понуден на редовната аукција.

Ваква одлука на Народната банка се темели на оценката дека тековното ниво на каматните стапки е соодветно на условите во економијата и заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и со преземените други мерки, ќе се придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс.

„Во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. Имено, домашната инфлација во декември 2023 година изнесува 3,6% на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Во услови на слични движења на инфлацијата кај нас и во еврозоната, разликата во годишните стапки е мала. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во декемвриските анкети на Европската комисија“, наведува во соопштението Банката.

Се наведува дека просечната домашна стапка на инфлација се сведе на 9,4% во 2023 година, во согласност со очекуваната стапка од 9,5%, но според оценка на банката  нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што придонесуваат неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, но и одредени домашни фактори.

Тоа, како што наведуваат од банката бара натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата.

Народна банка меѓу другото го анализирала  и  девизниот пазар за кој оценува дека е стабилен  и  движењата во економијата кои се во рамки на нејзините предвидувања..

Share This Article