Граѓаните веќе не мора да ги отвораат веб страните на банките одделно за да ги споредат надоместоците. Тоа од неодамна можат да го направат преку веб страната на Народната банка и алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“.
Оваа алтака ги содржи видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.
-Давателите на платежните услуги самостојно ги утврдуваат надоместоците и се одговорни за точноста на доставените податоци за објавување од Народната банка. Со цел корисниците на платежни услуги да можат да располагаат со ажурни и соодветни информации, банките имаат обврска истите да ги ажурираат при секоја промена на надоместоците- велат од Народна банка.