Народна банка ја зголеми основната каматна стапка за уште о,5 отсто и сега таа изнесува 5,25 отсто

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка за уште о,5 отсто и сега таа изнесува 5,25 отсто. Зголемена е и каматната стапка на  расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 отсто.

Банката соопшти дека овие каматни стапки ќе се применуваат од 15.2.2023 година. 

Со овие промени, Народната банка и на почетокот на оваа година продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, преку примена на повеќе инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

Централната банка оцени дека  вкупната инфлација почна да забавува кон крајот на минатата година, во согласност и со намалувањето на светските цени, а се очекува дека овој тренд ќе продолжи и во тековната година.

„Сепак, со оглед на силината и долготрајноста на надворешните ценовни шокови, и покрај поволните поместувања, инфлацијата и натаму е на повисоко ниво и наметнува потреба од внимателно следење на инфлациските очекувања. Во однос на другите показатели коишто се битни за монетарната политика, движењата на девизниот пазар се стабилни, а се забележуваат и поповолни трендови во делот на штедењето во домашна валута и на долг рок“, се наведува во соопштението.

Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето за монетарната политика влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, којашто на состанокот на 2 февруари донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за 0,5 отсто.

Share This Article