More

    Народна банка ја задржа стапката на противциклична заштита на 1,75%

    spot_img

    Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките на 1,75%. Таа ќе се применува до последниот картал следната година.

    Како што соопшти банката , оценето е дека задржувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот на 1,75%, по неговото зголемување во неколку наврати, е во согласност со постепеното стабилизирање на макроекономскиот контекст, понатамошниот раст на цените на недвижностите, како и солидната кредитна активност на банките – раст од 6,5% на годишна основа заклучно со првата половина од годинава.

    „Банкарскиот систем и натаму е сигурен и стабилен во услови на ниско системско остварување на кредитниот ризик, со солидна профитабилност и солвентност и соодветно ниво на ликвидност, додека редовните стрес-тестови ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем на различни шокови“, се наведува во соопштението.

    Противцикличниот заштитен слој на капиталот е макропрудентна мерка, со која се делува превентивно и се зајакнува капиталната сила на домашните банки, а со тоа и отпорноста на банкарскиот сектор.

    Заштитните слоеви на капиталот се инструменти, чијашто основна намена е зајакнување на солвентната позиција на банките и нивна поголема отпорност на непредвидени загуби во работењето. На тој начин се зајакнува и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, но и на целокупниот финансиски систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img