Наредната негова цел ќе биде Балканот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас смета дека Западот мора да го запре рускиот претседател Владимир Путин бидејќи, според неа, тој нема да запре на Украина.

– Балтичките земји се во опасност… и Западен Балкан. Путин сето тоа го кажа јавно, дека сака да создаде Голема Русија, дека сака да се врати на ситуацијата која била порано, кога Русија имаше контрола врз огромни делови од Источна Европа, истакна Трас во интервју за Дејли мејл.
Таа верува дека Путин се обидува да ги обнови границите на Советскиот Сојуз и смета дека е важно западните сојузници да му се спротивстават.

– Украина може да биде наредната недела, но која земја ќе биде следна – праша Трас.

Шефицата на британската дипломатија додаде дека ако му се дозволи на Путин да ја нападне Украина, тој ќе продолжи да војува со соседните земји.

Share This Article