Вонредна состојба е прогласена на островот Родос, каде се издадени наредби за евакуација на неколку планински области, пренесуваат грчките медиуми.
Во Западна Атика во гаснењето на пожарите се вклучени 300 пожарникари, во Лаконија повеќе од 50, додека на Родос со огнената стихија се борат 102 пожарникари, пишува „Катимерини“.
Противпожарната служба апелираше до грчките граѓаните, но и до туристите, да бидат внимателни бидејќи, како што велат, најголем дел од пожарите се предизвикани од невнимание.
Портпаролот на службата Јанис Артофиос изјави дека вчера на Крит биле уапсени тројца мажи.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита соопшти дека денеска под висок ризик од пожар се регионите на Атика, Централна Грција, Пелопонез, Северно Егејско и Јужно Егејско Море.