Направивме болни отстапки и пак ни се оспорува идентитетот, вели Црвенковски

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сите земји од Западен Балкан, без исклучок, заедно, да побараме од ЕУ пристап до заедничкиот европски пазар и до структурните фондови на Унијата. Не како алтернатива на полноправното членство, туку како меѓучекор кој дополнително ќе нѐ подготви за целосно интегрирање.

Ова го предложи поранешниот претседател Бранко Црвенковски на регионалната конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ – предизвици и перспективи“, што денеска во Скопје ја организираа Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

Тоа е неговата стара идеја што ја промовираше пред неколку месеци, за постепена интеграција пред полноправното членство во ЕУ.

– Додека одлуките во Европската Унија се донесуваат едногласно со целосен консензус и додека постојат лимитирачки фактори во евроинтегрирањето, важно е земјите од Западен Балкан да ги завршат работите што зависат само од нив. Да ги спроведат неопходните реформи, не затоа што Брисел тоа го бара, туку затоа што тоа е добро за граѓаните. Да го совладаме најголемото зло – корупцијата и да обезбедиме неселективна правда и целосно почитување на правото – рече поранешниот шеф на државата на конференцијата

За она што, пак, зависи само од центрите во ЕУ, земјите на Западен Балкан имаат избор меѓу две опции – да останат пасивни и да чекаат или да покажат иницијативност и да ѝ помогнат на ЕУ да дефинира нов пристап кон Западен Балкан, рече Црвенковски.

Предлогот за реформирање на ЕУ, односно за замена на консензуалното одлучување со квалификувано мнозинство, со што би се укинало правото на вето кое досега го имаше секоја членка, како и владеењето на правото да стане највисок критериум, според Црвенковски, е неизвесно дали ќе почне и колку ќе трае.

– Принципот на одлучување по пат на целосен консензус ја оневозможува ЕУ да одлучува и делува брзо и ефикасно. Доаѓа до чести блокади, а барањето компромис прифатлив за сите резултира со половични решенија – рече поранешниот претседател.

Македонија направи „болни отстапки“ за промена на уставното име, рече Црвенковски и додаде:

– Сепак, освен членството во НАТО, не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ, поради појавениот билатерален спор со Бугарија кој е за прашања кои немаат никаква допирна точка со Копенхашките критериуми. Ни се оспорува нашиот национален идентитет и историски континуитет. Во случајот со Македонија, се направија сите можни преседани и се демонстрираше целосна непринципиелност од страна на ЕУ во однос на почитувањето на основните вредности на кои се темели самата Европска Унија – нагласи Црвенковски.

- Advertisement -
Ad image

Осврнувајќи се на интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ кое, рече, се одвива „недозволиво бавно со периоди на целосен застој и без каков било исчекор напред“ и зборувајќи конкретно за нашата држава, Црвенковски нагласи дека голем дел од причините лежат во нашите сопствени слабости,  меѓу кои ги наведе „недозволиво висок степен на корупција и разните видови организиран криминал, неефикасниот судски систем – корумпиран и подложен на политички влијанија, партизираната и неефикасна администрација, донесени европски закони кои се имплементираат на балкански начин, реформите кои или се пролонгираат или се спроведуваат половично“.

Share This Article