More

    Напитокот кој дефинитивно најбрзо ве старее

    spot_img

    Тој исконски стремеж за младешки, мазен и што поздрав изглед може прилично да го расипе изборот на пијалок.

    Кремите против стареење и другите трикови против стареење можат да помогнат, но има една работа што навистина треба да ја избегнувате доколку не сакате да го забрзате процесот на стареење и појавата на нови брчки и да го поништите трудот што го вложувате за да изгледате младешки.

    Истражувањата покажуваат дека постои еден пијалок кој ве тера да стареете многу побрзо, а доколку се откажете од него, може да помогне да се запре предвременото стареење, пишува eatthis.

    Излегува дека кога станува збор за стареењето, нема полош пијалок од зашеќерените газирани пијалоци.

    Оние кои редовно ги пијат имаат поголем ризик од дебелеење и одредени болести, а истражувањата покажуваат дека тоа може да влијае дури и на телото на клеточно ниво. Сето ова придонесува за нездраво, побрзо стареење.

    „Редовното консумирање газирани сокови засладени со шеќер на крајот може да ве изложи на ризик од разни болести како што се дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу повеќе. А бидејќи ризикот од овие болести автоматски се зголемува како што старееме, премногу шеќер сигурно не помага“, вели д-р Ејми Гудсон.

    Лошо делува и на желудникот
    Исто така, една студија од 2021 година покажа дека потрошувачката на слатки газирани сокови е поврзана со промени во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспаление и оксидативен стрес, а сето тоа е поврзано со предвремено стареење. Авторите на таа студија имаа едноставна препорака – заменете ги овие пијалоци со поздрав избор секогаш кога можете и вашето тело ќе ви се заблагодари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img