More

    Напаѓачот тргнал да се самоубива, полицијата го спречила

    spot_img

    Едно дете загина, а наставник и шест ученици се повредени во напад со нож што се случи утринава во основното училиште „Пречко“ во Загреб, Хрватска.

    Иако медиумите утрово објавија дека напаѓачот е ученик во основно училиште, хрватската полицијата подоцна потврди дека напаѓачот е 19-годишен маж и дека е приведен.

    Во Дневникот на ХРТ беше објавено дека децата кои го напуштале појадокот виделе крв во ходникот и млад човек како тепа момче.

    Почнале да бегаат, настанала паника. Напаѓачот потоа влегол во првата училница на која наишол. Таму најверојатно избодел неколку лица.

    Потоа истрчал од училиштето и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде што се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, дознава ХРТ. Но, полицијата успеала да го спречи да изврши самоубиство.

    Според информациите од местото на настанот, напаѓачот бил облечен во црно.

    Децата повредени во напад со нож во основното училиште Пречко се пренесени во болниците во Загреб. Две од нив се во загрепската Детска клиника.

    Едното повредено дете има 7, а другото има 11 години. Имаат повеќе убодни рани, но како што вели директорот на Клиниката, и двете се надвор од животна опасност.

    Се врши дијагностичка обработка, по што на крајот ќе се утврди дали на некое од овие деца му е потребна операција. Детето кое со итен хеликоптер беше пренесено во болницата во Дубрава, односно до нивниот хелиодром, беше пренесено во КБЦ Загреб. Се работи на дијагностичка обработка и, детето е надвор од животна опасност.

    Двајца од повредените, како што неофицијално дознава ХРТ, насилникот и наставничката се во клиничката болница Свети Дух.

    Според хрватските медиуми, наставничката се бори за живот и ситуацијата е тешка. Насилникот си нанел опасни по живот повреди на себе во пределот на вратот.

    Министерката за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека починатото дете имало седум години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img