Нашите американски партнери, Си-Би-Ес, разговараа со службеник за спроведување на законот кој потврди дека во возилото на атентаторот на Доналд Трамп, Томас Метју Крукс, биле пронајдени „сомнителни уреди“.
На местото на настанот биле повикани техничари за експлозиви. Ќе дадеме повеќе детали кога ќе ги имаме, пишува Би-Би-Си во врска со најновиот развој на истрагата за нападот врз поранешниот американски претседател.
Претходно, „Волстрит журнал“ објави дека биле пронајдени експлозивни направи во автомобилот на Томас Крукс на митингот, според луѓето информирани за истрагата.
Асошиејтед прес и Си-Ен-Ен објавија дека и во неговиот дом бил откриен експлозивен материјал, а двата медиуми се повикуваат на службеници за спроведување на законот, пишува Би-Би-Си.
Од друга страна, Пентагон штотуку потврди дека напаѓачот Томас Крукс немал никакви врски со војската на САД.
– Потврдивме со секоја воена служба дека нема припадност на воената служба за осомничениот со тоа име или датум на раѓање во која било гранка, активна или резервна компонента во нивните соодветни бази на податоци – изјави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.
САД се соочуваат со најголем и најтраен пораст на политичкото насилство од 1970-тите. Во 2021 година поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол.