Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез би можел да го напушти тимот ова лето. Тренерот Диего Симеоне не смета на играчот следната сезона, објави „Diario AS“. Местото на Уругваецот во тимот го зазема младиот напаѓач Жоао Феликс. А Суарез поради недостаток на мобилност му донесе проблеми на тимот.
Феликс во вториот дел од сезоната почна да игра попродуктивно и не му остави шанса на Суарез.
Уругвајскиот репрезентативец му се приклучи на Атлетико Мадрид од Барселона во 2020 година. Оваа година 35-годишниот Суарез забележа 37 настапи во сите натпреварувања, постигна 11 гола и оствари три асистенции.