More

    НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ПОБЕГНАТ ВО УКРАИНА?

    spot_img

    Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.

    Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.

    Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица кои учествувале во нападот, соопшти Истражниот комитет.

    Во меѓувреме Таџикистан соопшти дека е во контакт со Москва во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“.

    Портпарол на таџикистанското Министерство за надворешни работи рече дека таџикистанските власти се во близок контакт со нивните руски колеги за да се испита можната вмешаност на таџикистански државјани во синоќешниот терористички напад.

    Пратеникот на руската Државна дума, Александар Хинштајн претходно изјави дека при претресот на автомобилите на осомничените за терористичкиот напад, кои беа уапсени во областа Брјанск, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан.

     

    Исто така Интерпол соопшти дека е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад во Москва.

    „Најостро го осудувам нападот во концертната сала „Крокус“, кој беше ужасен чин против невините цивили. Интерпол е подготвен да даде поддршка во истрагата на руските власти“, напиша генералниот секретар на таа меѓународна организација, Јирген Шток на социјалната мрежа „Икс“.

    Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ загинаа 93 лица, меѓу кои три деца, а повеќе 145 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС)

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img