More

    Нападнат новинар и неговите роднини кај Гњилане

    spot_img

    Група Албанци го нападнале новинарот на РТВ Плус Бојан Антиќ и неговите роднини во селото Горњи Ливоч кај Гњилане во Косово и му го оштетиле автомобилот, јави денеска Радио телевизија на Србија.

    Антиќ за РТС изјави дека дошле во селото да ги посетат родителите и дека фрлале со камења и пцуеле по нив, најверојатно затоа што имале автомобили со регистарски таблички од централна Србија.

    „Бевме принудени да се вратиме во куќата, да повикаме полиција и да чекаме да си ја завршат работата“, рече тој.

    Антиќ, кој работи во информативната служба во Општа Ново Брдо, изјавил дека Албанците од тоа село неодамна му се заканувале, како и дека пред два месеци го претепале неговиот татко, но дека случајот не бил пријавен во полиција за да не дополнително ја загрозува безбедноста на родителите.

    РТС наведува дека до 1999 година имало повеќе од 80 српски домаќинства и близу 370 жители во селото Горњи Ливоч кај Гњилан на истокот на Косово, а денес ги има околу 70.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img