More

    Напад во Исмаилистички центар во Лисабон

    spot_img

    Најмалку две лица загинаа во напад со нож во Исмаилистичкиот центар во Лисабон, соопшти португалската полиција, пренесуваат повеќе светски медиуми.

    Неидентификуван маж со голем нож влегол во Шиитскиот муслимански центар во околу 11 часот денеска, и почнал да ги боде присутните. Напаѓачот бил застрелан од полицијата, откако одбил да го фрли ножот, и тргнал кон полицајците со цел да ги повреди – соопшти полицијата, пренесе Ројтерс. Сепак, напаѓачот не бил мртов, туку бил уапсен и пренесен во болница.

    Си-Ен-Ен Португалија објави дека осомничениот за тој напад е авганистански државјанин, но тоа уште не е потврдено од полициски извори.
    Голем број вознемирени луѓе стоеја денеска пред Центарот во Лисабон, обиколени од припадници на специјалната полиција под полна опрема, а подоцна беа вратени во просториите, јавува Ројтерс.

    Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека станува збор за изолиран инцидент и дека е преурането да се извлекуваат пошироки заклучоци за природата на нападот.

    Исмаилитите се малцинска заедница меѓу Шиитските муслимани, чии припадници се изложени на напади од останатите муслимани на разни места во светот, а особено во Пакистан. Исмаилитите живеат во повеќе од 25 земји низ светот. Нивниот духовен водач, Принцот Карим Ага Кан, го отворил центарот во Лисабон во 1998 година. Во него има училници, сали за молење, изложбен простор и сали за состаноци.

    „Главната цел на исмаилистичките центри е да поттикнат меѓусебна соработка и разбирање меѓу различните народи, заедници и религии“, се наведува на нивната веб-страница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img