Беспилотно летало (дрон) паднал изутринава во станбен кварт на рускиот град Вороњеж и удрил во зграда меѓу првиот и вториот кат при што три лица се полесно повредени од парчиња стакло
– соопштија локалните власти, пренесува РИА Новости.
Вороњеж е на околу 180 километри од украинската граница и се граничи со руските региони Курск и Белгород, кои често биле изложени на прекугранично гранатирање од Украина.
Тас пренесува дека властите рекле дека дронот бил насочен кон фабрика за авиони во регионот, но дека бил соборен.
Во меѓувреме продолжува украинското гранатирање на Белгородската област во Русија, при што се повредени три лица, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.
– Во текот на ноќта три лица се повредени, едно одбило хоспитализација. Уште две лица се во болница – изјави Гладков на Телеграм.
Противвоздушната одбрана беше ефикасна во текот на ноќта, оштетена е станбена зграда и приватни куќи во Разумно, напиша Гладков, како и дека Украинците продолжуваат да го таргетираат Шебекино и дека е причинета штета на станбени згради, пренесе ТАСС.