More

    Напад и убиство на Швеѓанец во Брисел: Обвинети двајца мажи

    spot_img

    Француските власти подигнаа обвинение против двајца мажи кои живеат во парискиот регион поради сомневање дека се поврзани со напаѓачот кој на 16 октомври уби две лица во Брисел.

    Од надлежното обвинителство денеска соопштија дека осомничените се изведени пред истражен судија и дека се во притвор.

    Тие се обвинети за злосторничко терористичко здружување и соучесништво во убиство во терористички потфат.

    Истрагата за нивната поврзаност со напаѓачот продолжува.

    Исламската држава ја презеде одговорноста за вооружениот напад во Брисел во кој беа убиени двајца Швеѓани.

    Нападот бил насочен против Шведска, како што се наведува, поради нејзиното членство во меѓународната коалиција која се бори против екстремистите.

    Двајца шведски државјани беа убиени во вооружен напад во близина на центарот на градот пред квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу Белгија и Шведска.

    Осомничениот напаѓач е убиен за време на полициска акција и потрага која траела повеќе од 12 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img