Наместо на рехабилитација, отишол во „велнес“ центар

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неславното видео од лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, покажува како тој пуши дрога и пие алкохол додека лежи гол во када. Ова се случувало за време на терапија во која Хантер требало да го прочисти своето тело. Но, наместо на терапија Хантер отишол во „велнес“ центар, односно центар за убавина и здравје, пишува ДејлиМејл.

Синот на претседателот (52) се „бањал“ на зелено светло, се снимал како лежи гол на грб во водата. Погледнете.

На видеото се гледа и како тој наводно пали џоинт, а потоа пие од конзерва. Во еден момент се приближува до камерата и гледа директно во неа, додека во позадината тивко свири музика.

Извештаите до кои дојде Дејли Мејл потврдуваат дека видеото со Хантер е снимено во Велнес центарот во Масачусетс, каде Хантер закажал терапија на 30 јануари 2019 година. Тој бил поттикнат од еден пријател да ја посети таа бања, а Хантер му се обратил за помош во борбата против дрогата.

Само еден месец претходно, во декември 2018 година, Хантер му пишал на својот татко и се пожалил дека нема доволно пари за тој третман покрај сите сметки што ги плаќал и издршката.

„Може ли да ми дадете уште еден краток заем, ќе ви го вратам најдоцна во рок од 10 дена“, напишал Хантер.

„Навистина ми е непријатно да ве прашам и знам дека е неправедно од моја страна да ве ставам во таа позиција“, рече тој.

Татко му, му одговорил дека нема проблем, а потоа во друга порака рекол дека му испратил 75.000 долари.

- Advertisement -
Ad image

Непосредно пред Нова Година, Хантер му испратил порака на својот татко убедувајќи го да му уплати за тримесечна програма од 20.000 долари во установа за детоксикација во Њујорк. Неговиот татко му се јавил на 2 јануари и му рекол дека ќе го извести кога ќе помине трансферот на пари.

Сепак, видеата на Хантер од мобилниот телефон подоцна ќе покажат дека тој отишол во Велнес центар во Масачусетс подоцна истиот месец.

Видеото и соодветните пораки се најновиот инкриминирачки материјал што е изваден од таканаречениот „лаптоп од пеколот“ на Хантер. Во неколку други пораки кои се пронајдени, Хантер се фали дека неговиот татко го плаќа целото лекување.

- Advertisement -
Ad image

Нема сугестии дека персоналот во велнес центар знаел за злоупотребата на дрога на Хантер или дека некој знаел дека таткото на пет деца имал намера да лежи гол и сам за време на третманот во резервоарот за сензорна депривација.

Најновото видео кое го компромитира Хантер доаѓа неколку недели откако Дејли Мејл откри дека, и покрај неговите негирања, Џо Бајден разговарал со својот син за неговите матни зделки во странство.

Говорната пошта откриена во документите на Хантер потврдува дека Бајден му се јавил на Хантер на 12 декември 2018 година, велејќи му дека треба да разговараат за извештајот на Њујорк Тајмс кој го поврзува Хантер со кинескиот нафтен гигант ЦЕФЦ.

Share This Article