Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло.
Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.