Намалена продажбата на автомобили Мерцедес поради – полупроводниците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Продажбата на автомобили од германскиот производител Мерцедес-Бенц падна минатата година поради рестрикциите за коронавирусот и нарушувањата во снабдувањето со полупроводници.

Во соопштението на Mercedes-Benz се наведува дека продажбата на автомобили на компанијата е намалена за еден процент во однос на 2021 година.

Во текот на 2022 година, Mercedes-Benz произведе повеќе од два милиони возила.

Продажбата во Кина, најголемиот пазар на германскиот производител на луксузни автомобили, падна за еден процент минатата година на 751.700.

Продажбата на возилата на Mercedes-Benz во Европа се зголемила за еден процент, на 635.000, а во Соединетите Американски Држави (САД) продажбата исто така е зголемена за четири проценти, на вкупно 286.600 единици.

Продажбата на електрични возила на германскиот производител минатата година се зголеми за 124 отсто, достигнувајќи 117.800 единици.

Share This Article