Налепници со „НМК“ за 50 денари нелегално се продаваат во некои од продавниците во скопски Чаир, а граѓаните купуваат, пренесоа повеќе медиуми. Тоа значи дека за 100 денари може да се купат една налепница за предната и една за задната регистарска табличка.
Додека во станиците за техничките прегледи се створија невидени гужви за бесплатни налепници кои ги обезбедува државата, се чини дека некои граѓани најдоа полесен начин да ја завршат работата.