Наковска Бикова златна на 10 метри воздушен пиштол

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најуспешната македонска параолимпијка Оливера Наковска Бикова постигна огромен успех на Европското првенство во норвешкиот град Хамар, освојувајќи го златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

До својата втора европска титула во кариерата, Наковска Бикова дојде со одличен настап во финалната серија, откако во квалификациите заврши третопласирана.

– Јас сум многу среќна. По долг период пауза поради ковид-19 кризата, ова беше еден од најдобрите настани за мене. Секој медал е ново искуство, но сега ќе се подготвувам за Светското првенство, каде очекувам да добијам квота за Париз 2024 година – рече Наковска Бикова.

Честитки по повод европската титула до Наковска Бикова и нејзиниот тренер, прославениот македонски параолимпиец Бранислав Јовановски, испрати Агенцијата за млади и спорт, најавувајќи свечен прием за идната недела.

Share This Article