Џенифер Анистон зад себе има повеќе од три децении кариера, но на 54-годишна возраст се разголи на големите, поточно малите екрани само по вторпат во кариерата.
Имено, во новата сезона на наградуваната серија „Утринско шоу“ (The Morning Show), славната актерка се појавува целосно гола во една сцена со секс. Џенифер е прикажана на креветот во спалната соба додека лежи гола со колегата Џон Хам.
Во серијата, таа ја толкува улогата на водителка на вести Алекс Леви, додека Хам го игра Пол Маркс, технолошки милијардер. Во најновата епизода од третата сезона, Алекс го интервјуирала Пол во неговата луксузна вила, а напнатиот и тежок разговор довел до искри меѓу двајцата, а набрзо по интервјуто завршиле во кревет.
Во жешките, интимни сцени, актерската двојка целосно се разголи, а Џенифер Анистон изгледа еднакво сензационално како и пред речиси 20 години, односно кога се разголе во комедијата „Раскинување“ (The Break Up) во 2006 година.
Ѕвездата од серијата „Пријатели“ неодамна откри како успева да остане во таква импресивна форма. Џен ги наведе четирите главни правила по кои живее: „Пијам многу вода, вежбам секој ден, се трудам да јадам цела, свежа храна и спијам колку што можам повеќе“.
„Оваа последна ставка е предизвик за мене, но е толку важна. Го чувствувам тоа кога не се одморам доволно. Со сето тоа, се трудам многу внимателно да избирам што пуштам во мојот простор. Нашиот свет поминува низ некои предизвици и знам дека сите се грижиме многу, но понекогаш мислам дека е императив да се оттргнеме од вревата околу себе“, додала таа.
Оваа жешка сцена стана вирална на социјалните мрежи, а обожавателите на Џенифер тврдат дека таа изгледа фантастично и дека е презгодна.
– Џенифер изгледа добро исто како во 2006 година, кога за првпат се соблече во филмот ‘The Break Up’ – напишале обожавателите.
– Таа е најубавата жена – додадоа други.