More

    Највисоко државно признание за врвниот уметник

    spot_img

    Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година годинава ќе му се додели на композиторот Љупчо Константинов за придонес во областа на културата и уметноста. Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе му ја врачи државната награда на годинешниот лауреат утре на пладне на свечена церемонија во Кристалната сала на Собранието, информира собраниската прес-служба.

    По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, собраниски делегации утре ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, во Куманово и во Скопје на спомениците на Методија Андонов-Ченто, на Кузман Јосифовски-Питу, пред споменикот на Жената Борец и на Могилата на непобедените.

    Исто така собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово, на Меморијалниот комплекс „Партизанските гробишта“ на градските гробишта „Бутел“, како и пред споменикот „Ослободителите на Скопје“ пред Владата на Република Северна Македонија, информира Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img