Најверојатно во четврток претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најверојатно во четврток претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информираат за МИА партиски извори. Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнуваат да течат дваесетте дена за формирање влада.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска за медиумите изјави дека можно е и порано да го додели мандатот за формирање  влада.

– Можно е и порано да се додели мандатот. Сѐ зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините – рече Сиљановска Давкова во одговор на прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.

ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ сѐ уште разговараат за формирањето нова влада, иако поделбата на ресори веќе е објавена, а неофицијално се споменуваат и имиња на новите министри. Сепак, сѐ уште нема официјална информација кога ќе биде финализиран конечниот договор за формирање влада. Она што е јасно е дека доколку Сиљановска Давкова на 6 јуни го додели мандатот, 20 дена за формирање Влада ќе бидат на 25 јуни. Партиски извори за МИА, велат дека Собранието би можело и порано да ја изгласа новата влада.

Во Собранието се прават подготвки за измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Имајќи предвид дека измените треба да го минат собранискиот филтер, денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата го изгласа составот на Комисијата за политилки систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија. Но, за да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство.

Можни се и измени на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

По вчерашната прва координација на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи, неговиот Кабинет соопшти дека до крајот на работната недела би можело да се очекува да биде свикана седница за верификација на уште преостанатите два пратенички мандата.

Share This Article