More

    Најстудено утринава било во Берово и во Битола

    spot_img

    Најстудено утрово е во Берово и Битола каде се измерени -5 степени, во Скопје е -4, Крива Паланка, Попова Шапка, Тетово, Струмица и Прилеп -3, Демир Капија, Претор, Крушево, Гевгелија, Дебар -2, а во Штип, Охрид, Куманово и Виница -1. Над нулата е само во Дојран со 4 степени.

    Снежна покривка има на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри.

    Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, а утрово е променливо облачно.

    Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

    Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img