Џузепе Патерно (98), стана најстариот италијански студент кој добил диплома и тоа – повторно.
Магистерската теза по историја и филозофија Патерно ја одбрани на Универзитетот во Палермо, а со тоа додаде и магистерски студии на дипломата од истите науки што ги заврши пред две години. Последниот испит повторно го положи со највисоки оценки, објави неговото гордо семејство на Фејсбук.
Новопечениот магистер не планира да мирува и сака да напише роман на својата машина за пишување, на која и верува.
Патерно е роден во 1923 година и израснал во сиромашно семејство на Сицилија. И покрај љубовта кон книгите и учењето, тој немал можност да оди на универзитет како млад човек. Наместо тоа, тој служел во морнарицата, а подоцна работел како железнички работник.