„Најсреќнот човек на светот“ освои 3 награди во Словенија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар-Митевска на вчерашната завршна церемонија на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож, Словенија, освои 3 награди.

Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда „Весна“ за најдобар филм. Во националната категорија за најдобар словенечки филм со исклучок од  жирито „Најсреќниот човек на светот“ доби 2 награди: „Весна“ за најдобар костим доби словенечката костимографка Моника Лорбер, која е долгогодишен соботник на нашата режисерка Стругар-Митевска,  и награда „Весна“ за најдобра шминка за Мојца Горогранц-Петрушевска.

Овие две награди најчесто им се доделуваат на словенечки автори за словенечки филмови, а не на малцински копродукции, но со одлука на жирито тие се доделени за  „Најсреќниот човек на светот“.

Во петокот филмот имаше премиера и на Филмскиот фестивал во Загреб. По македонската премиера во четвртокот, филмот се прикажува на редовниот репертоар на кино „Милениум“.

Share This Article