Најскапата вода на светот: 56.000 евра за шише кое се полни на три лековити извори

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако некој ви каже дека шише вино или премиум виски е продадено за 56 илјади евра, не звучи толку неверојатно, но токму толку е цената за која беше продадено шише вода на аукцијата организирана од Plan3t Foundation A.C. во Ла Хациенда де лос Моралес во Мексико.Стаклено шише обложено со злато е направено според уметничките дела на италијанскиот уметник Амедео Клементе Модилјани, а е дизајнирано од Фернандо Алтамирано, кој го потпишува и најскапото шише со коњак во светот (Dudognon Heritage Henri IV).

Средствата собрани од аукцијата беа донирани на фондацијата за борба против глобалното затоплување, а шишето од 750 мл влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Водата за секое шише Acqua di Cristallo Tributo a Modigliani доаѓа од три извори на Земјата: Фиџи, Франција и Исланд, но тоа не е се – секоја капка содржи и златни честички за да биде алкална и поздрава од обичната вода.

Share This Article