Обилниот дожд го затрупа Хонг Конг, што доведе до големи поплави во густо населениот град, поплавени улици, трговски центри и станици на метрото.Специјалниот административен регион на Кина ги забележа највисоките врнежи на час во последните 140 години од историјата.
Опсерваторијата во Хонг Конг објави 158,1 милиметри врнежи меѓу 23 часот и полноќ во четвртокот по локално време. Бирото за метеорологија издаде предупредување за највисоко црно невреме и соопшти дека повеќе од 200 мм врнежи биле регистрирани на главниот остров во Хонг Конг, Коулун, и североисточниот дел од Новите територии на градот од четвртокот вечерта.
Се очекува екстремните услови да траат најмалку до петок напладне.
Најавено е дека берзата во Хонг Конг нема да биде отворена во петок наутро, доколку предупредувањето за црн дожд се уште е во сила во 9 часот по локално време.
Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат порои кои се слеваат по улиците и вода што блика по ескалаторите во станица на метрото. Пристанишниот тунел во градот, една од главните артерии што го поврзува островот Хонг Конг со Коулун, исто така беше поплавен, додека фотографиите покажаа затрупан трговски центар во областа Чаи Ван.Компанијата MTR од Хонг Конг, која ја води градската железничка мрежа, соопшти дека најмалку една линија е затворена, додека други имаат доцнење на возот.
Наставата во петокот беше прекината во сите училишта, поради „екстремните услови предизвикани од големите поплави и големиот прекин на сообраќајот“, објави владата.