Проблемите со менталното здравје се во пораст, а еден од најчестите е депресијата.
И додека депресијата влијае на секоја личност различно, постојат некои заеднички карактеристики и не изгледаат сите како што би очекувале, објаснуваат психотерапевтите.
На пример, не сите луѓе кои страдаат од депресија постојано плачат или се нерасположени постојано, пренесува Index.hr.
Како што пишува HuffPost, постојат некои посуптилни знаци кои можат да укажат дека имаме депресија. Ова значи:
– губење или недостаток на енергија
– неможност да се фокусира на одредени работи
– зголемена анксиозност
– изолација од општеството
– занемарување на личната хигиена
– проблеми со спиењето, лицето спие помалку или повеќе од вообичаено
– раздразливост.