Најпроблематична во претходната Концепција за основно образование е интеграцијата на предметите, а за ова да се ревидира и смени ќе треба најмалку една година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најпроблематична во претходната Концепција за основно образование е интеграцијата на предметите, а за ова да се ревидира и смени ќе треба најмалку една година, најави новата министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за 360 степени таа најави и дека од септември учениците ќе учат од старите учебници додека се спремаат нови.

– Да, тој рок (за смена) би траел најмалку една година, евентуално нешто подолго, но би одел постепено, одделение за одделение, како што и сега се случува.

Според Јаневска интеграцијата на предметите не била прифатена од стручњаците, ниту од самите наставници.

Јаневска претходно најави дека предметите како историја, георафија, граѓанско образование и други ќе бидат одделни.

Во интервјуто таа најави дека интеграцијата може да се случи и кога предметите се одделни, бидејќи тема од еден предмет може да се обработува во друг. Таа вели дека „нè чека голема и сериозна работа“, а дека Бирото за развој на образованието(БРО) е согласно да се променат наставните планови, кои, како што вели, ги збунувале наставниците.

Share This Article