More

    Најмонотониот пат на светот: 240 километри без ниту една кривина

    spot_img

    Од една страна, овој пат нуди непрекинат и спектакуларен поглед на една од најголемите песочни пустини во светот, но од друга страна, доколку сте возач, веројатно ќе се согласите дека е прилично монотон.

    Најдосадниот пат во светот се смета за дел од 256 километри без ниту еден свиок кој минува низ пустината Руб-ал-Кали во Саудиска Арабија.

    Тој е дел од саудискиот автопат број 10, кој ги поврзува Ал Дарб на југозапад и Ал Бат на исток од земјата, има вкупна должина од 1.474 километри и поминува во близина на границата со Обединетите Арапски Емирати.

    Автопатот бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од 1982 до 2005 година. Кога беше отворен за јавноста, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолга права делница од патот во светот, пренесува Punkufer.hr.

    Од една страна, тој пат нуди непречен и спектакуларен поглед на огромната пустина, но ако сте возач, веројатно ќе се согласите дека е прилично монотон.

    За да го поминете тој пат ќе ви бидат потребни околу два часа, што е прилично долго време кога се чувствувате како да стоите на слика. А кога ќе го видите трепкачот по 240 километри, веројатно ќе се чувствувате како да сте дошле до изворот низ пустина.

    Можеби на почетокот изгледа дека овој дел е идеален за ставање „тула на гас“, но несреќите на него се доста чести. Дел од несреќите секако се предизвикани од намаленото внимание на возачот.

    Tagovi
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img