More

    Најмоќниот пар во Унгарија: Зетот и ќерката на Орбан заедно „тежат“ неколку стотици милиони

    spot_img

    Иштван Тиборч, зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, неодамна стана тема број еден на медиумите во Србија бидејќи купил дури 11 згради во Белград. Тој со години е еден од најпознатите луѓе во Унгарија, а тој и неговата сопруга Рахел, најстарата ќерка на Виктор Орбан, се најмоќната двојка во оваа земја.

    Тиборч е роден на 23 јуни 1986 година и е мнозински сопственик на групата компании за капитални инвестиции и развој на недвижности BDPST Group. Во рангирањето на 100-те најбогати луѓе за 2023 година, тој е 25-та најбогата и 15-та највлијателна личност во Унгарија. Како инвеститор го има приматот во сегментите на туристички недвижности и развој на хотели, финансиски услуги, меѓународен и домашен транспорт на стоки и комплексна логистика.

    Сепак, неговата кариера е проследена и со контроверзи токму поради неговата поврзаност со Виктор Орбан. Нашироко се шпекулира дека по доаѓањето на Виктор Орбан на власт во 2010 година, тој го стекнал своето богатство преку државни провизии, наместени тендери и договори со државата.

    Неговото семејство никогаш не ги криело своите врски со Фидес, партијата на Виктор Орбан, и под негово владеење е создадена групата BDPST.

    Компанијата е основана во август 2015 година. Се занимава со капитални инвестиции, инвестиции во недвижен имот, реновирање на споменици, развој и работа на канцеларии и хотели, а исто така влезе во финансискиот сектор во 2021 година и во логистичкиот сектор во 2022 година.

    Во претходните години, Тиборч беше цел на регулаторните тела на Европската унија поради бизнисот што го стекна со државата и сомнителните злоупотреби. Тој отсекогаш ги негираше сите обвинувања, а еднаш дури изјави дека сфатил дека не може да напредува како бизнисмен затоа што е зет на Виктор Орбан и „луѓето секогаш се сомневаат во непотизам“.

    Најстарата ќерка на милионер
    Тиборч е оженет со најстарата ќерка на Орбан, Рахел. Таа е родена на 18 мај 1989 година и е најстарата од петте деца. Завршила средно училиште Варосмајор.

    Летото 2006 година завршила еден семестар на Универзитетот во Сиена, а во 2007 година била примена на Универзитетот Корвинус во Будимпешта, насока туризам и угостителство. Во пролетта 2008 г. студирала на Универзитетот Сорбона во Париз. Дипломирала туризам и хотелски менаџмент во 2013. Од 2012 до 2014 година работела во хотелот Кемпински Корвинус како менаџер за продажба.

    Рахел е еден од највлијателните луѓе во Унгарија, особено во трговската индустрија. Во 2019 година, нејзиниот имот беше проценет на 108 милиони евра, што ја направи една од најбогатите Унгарки. Исто како и нејзиниот сопруг Иштван.

    Таа во јавноста е позната и како „малечката од скандали“. Таа често е обвинета за финансиски малверзации, како и Тиборч.

    Таа неколку пати се појавуваше на државни состаноци како претставник на Унгарија, иако не е функционер на таа земја. Ова не им избега на медиумите, но и на меѓународната заедница.

    Сепак, самиот Орбан и неговата постара ќерка никогаш не обрнувале внимание на критиките, дури не ги ни коментирале. Рахел продолжува да се појавува каде сака, додека таа и нејзиниот сопруг добиваат договори од милион долари.

    Во една прилика била обвинета за арогантно однесување кога била фотографирана како фрла пелена покрај патот во Хрватска додека била на одмор со семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img