Во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,90 %. Бројот на пополнети работни места изнесувал 491.188, а на слободни 9.518. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,44 % има секторот „градежништво“, додека најмала е стапката во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, во кој изнесува 0,47 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 %.
Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2,62 %.
Најголем број слободни работни места 2.656, има во група на занимања – „работници во услужни дејности и продажба“.