More

    Најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам во врска со бразилска пејачка

    spot_img

    Круз Бекам (19), син на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, има нова љубов. Според пишувањата на странските медиуми, тој веќе неколку месеци е во врска со бразилската пејачка Џеки Апостел, која е 10 години постара од него.

    Деновиве Џеки му се придружи на целото семејство кое дојде на Модната недела во Париз каде ја поддржаа Викторија во текот на нејзината ревија.

    Џеки за ревијата облече елегантен бел фустан и ја врза косата во пунџа. Како што пишува „Дејли мејл“, многу луѓе забележале дека таа личи на мајката на Круз, која за една пригода слично се облекла.

    Џеки по модната ревија ѝ честиташе на Викторија Бекам.

    „Најубавата ревија и најубавиот фустан. Честитки“, напиша таа покрај фотографиите од фустанот што го носеше на модната недела.

     

    Се верува дека најмладиот син на Бекам е во врска со Бразилката од јуни. Тие се следат еден со друг на Инстаграм.

    Нејзините родители се по потекло од Германија и Бразил, а Џеки досега живеела во двете земји. Почнала да свири на пијано на две години, а сега пишува песни на англиски и португалски. Таа беше членка на женската група „Schutz“. За неколку дена ќе го прослави својот 29-ти роденден.

    Неодамна „Дејли мејл“ објави дека поранешната девојка на Круз, Биби Ајви, рекла дека младиот Бекам ја изневерил. Таа објави видео на ТикТок на кое се бакнува со Круз и напиша: „Бевме заедно вака, а тој сепак изневеруваше“.

    Друга негова поранешна девојка, Иси Молони, исто така, ѝ испрати поддршка. Бекам беше поврзуван со Молони на почетокот на оваа година, а набргу по таа врска тој беше виден со Биби Ајви.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img