More

    Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во ноќните ракетни напади на Русија врз украинскиот град Криви Рих

    spot_img

    Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во ноќните ракетни напади на Русија врз украинскиот град Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во нападот русите сили уништија петкатна станбена зграда, изјави денеска гувернерот на украинската област Дњепропетровск, Серхиј Лисак, пренесува Индекс.

    Лисак вели дека се потврдени шест смртни случаи, а од 25 повредени, 19 се итно пренесени во болница по нападот на Криви Рих.

    Пожарот ги зафатил сите пет ката од станбената зграда. Во друг напад во тој град се повредени уште четири лица, со што вкупниот број загинати и ранети се искачи на 35, додава Лисак.

    Зеленски реагираше на руските напади кои во текот на ноќта погодија цивилни згради во Криви Рих – неговиот роден град.

    – Руските убијци ја продолжуваат својата војна против станбените згради, обичните градови и луѓето – рече Зеленски.

    Зеленски додаде дека сторителите „ќе одговараат за секој проектил што ќе го лансираат“.

    Нападот не се случил само на Криви Рих, туку и на Харков, јавуваат Украинците, а исто така и на цивилната инфраструктура.

    Хуманитарниот координатор на ОН во Украина, Дениз Браун, остро го осуди нападот утринава врз Криви Рих.

    Истовремено, руските власти во областа Курск обвинија дека биле нападнати од украински сили. Гувернерот на Курск вели дека во раните утрински гранатирања биле погодени две села каде биле оштетени неколку куќи, а нападот го прекинал снабдувањето со гас и електрична енергија.

    Вчера Владимир Путин, во коментарите што ги објави Тасс, ја обвини Украина дека гаѓа цивили и дека тоа нема никаква воена смисла.

    – Искрено, зошто непријателот напаѓа станбени области? Нема логика. За што, зошто, која е целта? И очигледно хуманитарни цели – тоа е неверојатно. И нема никаква воена смисла, тоа е нула – рече Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img