Според последните податоци, шест рудари загинале во несреќа во рудник за јаглен во северна Кина, а 47 се уште се водат како исчезнати, јави денеска кинеската агенција Ксинхуа. Шест рудари се спасени и се во болница.
Несреќата се случи во средата во рудник за јаглен во регионот Внатрешна Монголија, кој делумно се урна. По делумното уривање на рудникот, во спасувачката акција на денот на несреќата учествувале 900 спасувачи. Поради вториот одрон на местото на несреќата во средата, спасувањето беше продолжено дури во четвртокот и продолжува и денеска.
Причината за уривањето се уште се истражува, а во тек е и сеопфатна безбедносна проверка и на другите рудници. Сериозните рударски несреќи се релативно чести во Кина и често се предизвикани од несоодветни безбедносни мерки и недостаток на надзор. Минатиот март спасувачите пронајдоа мртви 14 рудари кои беа заробени повеќе од една недела по несреќата во рудник за јаглен во јужна Кина.