Најмалку девет лица се ранети во бомбардирање на Херсон на југот на Украина, а Русите синоќа со дронови ги гаѓале и главниот град Киев и Харков во западниот дел на земјата, соопштија локалните власти.
Во бомбашкиот напад на Херсон, девет лица се повредени, меѓу кои четири деца, соопшти градоначалникот Роман Мрочко на Телеграм.
Украинската противвоздушна одбрана собори неколку дронови „Шахед“ од иранско производство додека се движеа кон Киев, изјави шефот на воената управа на главниот град Серхиј Попко.
– Според прелиминарните податоци, нема жртви и не е причинета штета – соопшти Попко на Телеграм.
Градоначалникот на Харков Игор Терехов информира дека имало најмалку два напади во тој град недалеку од станбени згради.
Надлежните служби утврдуваат дали има жртви во нападите и дали е причинета штета.