Турските власти соопштија дека најмалку 38.044 луѓе загинаа во земјотресите што ја погодија земјата.
Сириската влада и Обединетите нации соопштија дека во Сирија загинале повеќе од 5.800 луѓе.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4.17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13.24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција и северот на Сирија. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.