More

    Најмалку 4 деца се убиени во градинка во Бразил

    spot_img

    Најмалку четири деца се убиени денеска во градот Блуменау на југот на Бразил, во инцидент во кој 25-годишен напаѓач со секира упаднал во градинка и по случаен избор ги нападнал децата, соопштија локални претставници.

    Напаѓачот влегол во градинката во 9 часот по локално време (14 часот по средноевропско време), и ги нападнал децата.

    Од болницата соопштија дека сите повредени деца се на возраст под три години.

    Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот се предал и дека е приведен.

    Пожарникарите наведуваат дека во градинката во моментот на нападот имало околу 40 деца и дека напаѓачот влегол прескокнувајќи го ѕидот. Се чини дека тој ги избрал своите жртви по случаен избор.

    Вознемирени родители притрчале во градинката кога слушнале за трагедијата.

    Градските власти ја прекинаа работата на образовните институции во градот.

    Гувернерот на државата Санта Катарина, каде што се наоѓа Блуменау, прогласи тридневна жалост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img