Најмалку 37 мигранти загинаа во пожар во Мексико

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Mexican authorities and firefighters remove injured migrants, mostly Venezuelans, from inside the National Migration Institute (INM) building during a fire, in Ciudad Juarez, Mexico March 27, 2023. REUTERS/Jose Luis Gonzalez

Најмалку 37 лица загинаа во пожар во миграциски центар во градот Сиудад Хуарез на северната граница со Мексико, соопшти утринава државата Чивава преку соопштение. Властите не ја соопштија причината за пожарот или националноста на жртвите, пишува Си-Ен-Ен.

На снимката од местото на настанот се гледа како војници и пожарникари им помагаат на повредените. Според извештаите на локалните медиуми, на некои им била укажана медицинска помош на местото на настанот, додека други биле пренесени на лекување во блиските болници. Пожарот наводно избувнал во неделата вечерта во делот на комплексот само за мажи.

Мигрантите претходно беа превземени од улиците на градот
Се претпоставува дека во центарот имало околу 70 мигранти кои претходно биле подигнати од улиците на градот. Потсетиме дека претходно овој месец, американските власти спречија стотици мигранти, главно Венецуелци, да влезат во земјата, откако голема група се обиде насилно да помине покрај мексиканските војници на границата.

Многумина беа фрустрирани од новиот процес за азил што го воведе администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Споменатиот процес бара од барателите на азил прво да закажат состанок со американски официјални лица, но корисниците се жалат дека не можеле да обезбедат состаноци на владината апликација поради грешки и голема побарувачка, пренесува Индекс.

Share This Article