Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на судирите меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на судирите меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на Хоакин Гузман Лоера, еден од најозлогласените нарко босови во светот, попознат по прекарот Ел Чапо.

Како што опишаа мексиканските власти, ситуацијата на улиците во моментов потсетува на вистинска војна. Во пресметката досега загинаа 10 војници и 19 членови на криминална организација.

 

 

Картелот пукал врз војската

„Битката“ ја започнаа членовите на картелот кои сакаа да спречат екстрадиција на нивниот „покровител“. Тие пукаа кон мексиканските војници со митралези од 50 мм, на што армијата одговори со напад од борбени хеликоптери од типот „Блек Хок“.

Тие извршија напад на 25 гангстерски возила, вклучително и камиони опремени со артилериски гнезда.

 

 

Картелот Синалоа потоа возврати со напад врз хеликоптерите, принудувајќи ги двата „црни јастреби“ да слетаат откако секој од нив беше погоден по десетина пати.

Неколку минути подоцна, голем број вооружени млади момчиња се појавија на меѓународниот аеродром во градот Кулијакан и нападнаа млазни авиони, воени и цивилни.

 

 

Но, целта им пропаднала бидејќи властите очекувале отпор, па овој нарко-бос веднаш го натовариле во воен хеликоптер за директно да се префрли во Мексико Сити.

Сите влезови во градот беа блокирани, а слични настани се случија и во други делови на Мексико каде што дејствува нарко картелот Синалоа.

Овид Гузман беше обвинет во САД во 2018 година за шверц на дрога.

 

 

Share This Article