Најмалку 25 лица загинаа во поплавите на Божиќ на Филипините, според новиот биланс на загинати што го објавија властите во земјата. Десетици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Според службите за итни случаи, повеќе од 81.000 луѓе се во прифатните центри.
Најмалку 26 лица се водат како исчезнати.
Надлежните денеска соопштија дека во тек е проценка на штетите.
Времето се влоши кон крајот на минатата недела, кога повеќето од 110 милиони жители на Филипините се подготвуваа да го прослават Божиќ.