Најмалку 23 лица загинаа во тропските бури Ферди, Генер и Хелен на Филипините, а околу еден милион луѓе беа погодени од временските неприлики, јавува Анадолија.
Како што јави филипинската новинска агенција (ПНА), Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи (NDRRMC) издаде предупредување за тропска бура.
NDRRMC соопшти дека во невремето загинале 23 лица, 13 се повредени, а по 15 лица се уште се трага.
Исто така, се наведува дека околу 63 илјади луѓе се евакуирани во засолништа.
Тропските бури во последните денови предизвикаа значителна штета на инфраструктурата во погодените области, вклучувајќи патишта, мостови и домови.