Најмалку 22 пловила изгореа во големиот пожар што рано утринава избувна во пристаништето во Медулин, пожарот е ставен под контрола нешто пред 7 часот, а нема повредени, јавува Индекс. Во пожарот нема повредени, но предизвикана е голема материјална штета. На фотографиите и снимките се гледа како огнот брзо се проширува и го опустошува пристаништето во Медулин.
Пожарот е ставен под контрола по 7 часа, а пожарникарите успеале да го спречат ширењето на огнот на другите пловни објекти.
Некои чамци беа целосно изгорени, а други делумно изгаснати, но прашање е дали ќе бидат повторно во функција.
– Пламените јазици многу брзо се проширија низ сите чамци до крај, пожарникарите брзо дојдоа, но не можеа да направат ништо. Кога стигнавме, веќе беа зафатени повеќе од 20 чамци. Ние, како што велиме во жаргон, го пресековме пожарот за да не се прошири на другите чамци и успеавме да го спречиме. Некои чамци се откачија и запалени почнаа да пливаат. Моравме да ги ловиме, успеавме да го спречиме ширењето и таму – вели сопственикот на еден од изгорените чамци.
– Се запалила некоја електроинсталација, претпоставувам, почнало од некаде и огнот брзо се проширил. Тешко е да се изгасне таа пластика, треба да дојде брод за гаснење од морето – изјави пожарникарот Самир Граховиќ за хрватските медиуми.